Wednesday ,17 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарците Велковски, Алексовски и Николов одиграа одлично за У-21 и се на пат кон историски пласман на Е.П
Вардарците Велковски, Алексовски и Николов одиграа одлично за У-21 и се на пат кон историски пласман на Е.П

Вардарците Велковски, Алексовски и Николов одиграа одлично за У-21 и се на пат кон историски пласман на Е.П

Македонската фудбалска селекција до 21 година прави незапамтен успех во македонската фудбалска репрезентативна историја, играме одлично и Eвропското првенство буквално е на дофат. Првпат една селекција е толку блиску до успех, забележaа досега рекордни три гостински победи, имаме 18 бода по 9 меча што е одличен скор, а најважното од се што сме лидери на табелата. Во овој тим има дури четири млади фудбалери на црвено-црниот фудбалски колектив.

На голот е инзворедниот Игор Алексовски кој покажа дека вардарци купија “голмански бисер“. Тој  беше на голот на младата селекција на Македонија на двата квалификациски натпревари. Бранеше на мечот  со Шкотска на гости и на вчерашниот со  Северна Ирска. Беше фантастичен и  не прими гол 180 минути. Забележа голем број  одлични интервенции особено на првиот дуел.  Капитенската лента е резервирана во оваа селекција за Бобан Николов. Нашето момче одигра одлично во двата дуела во кој освоивме максимални шест бода кои беа повеќе од потребни. Благоја Милевски селекторот на оваа селекција и екс вардаров тренер на позицијата штопер го имаше одличниот вардаров играч Дарко Велковски. Тој  одигра два одлични натпревари, даваше сигурност и креативност во играта на црвено-жолтата млада фудбалска селекција. Дел од составот беше и четвртиот вардарец Петар Петковски , сепак тој не доби шанса за настап на двата квалификациски меча на селекцијата У-21. Кога сме кај младите фудбалери треба да напоменеме дека Јасир Асани беше повикан за албанската селекција У-21, но не настапи на дуелот со Грција. Апак во селекцијата У-19 два настапи имаше Есмин Личина  на двата пријателски натпревари против Кипар одиграни во Скопје. Повикан за таа селекција беше и Ердон Даци, но не се појави на овие мечеви поради повреда во куп мечот со Скендербегу во Тетово кога го забележа своето деби за сениорскиот вардаров состав.