Денес свои роденден прославува Легендата на ФК Вардар, и на Македонскиот фудбал, Дарко Панчев. Што да се пишува за ”македонското чудо од дете”
Најмлад капитен во историјата на ФК ВАРДАР. На 17 години првотимец, во подмладениот состав што го формираше тренерот Вишњевац.
Дете на Вардар. Уште на 10 годишна возраст започна да го облекува црввено – црниот дрес. Првиот учител му беше Златко Илиевски. Потоа со него работеа сите, и како што велеше: Oд секого по нешто, на крај доста научив, за да го предводам со успех вардаровиот напад, а како капитен и вардаровиот тим.
Дебитираше во првата екипа на мечот со Партизан во Белград во 1982 година, кога Вардар беше поразен, но Дарко остави силен впечаток за играч што допрва ќе се зборува. Стана незаменлив во тимот, а на 18 години го облече и синиот младински дрес на средбата против Унгарија во Суботица.
Во првенството 1983/84 стана и најдобар стрелец во шампионатот на Југославија, што беше и своевиден светски рекорд со 19 голови.
Тој велеше: Многу средби ќе ми останат во сеќавање, но сепак настапите, победите за Вардар и репрезентацијата секако имаат примат, велеше Дарко Кобра Панчев.