Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров и Гонзалес: Не одигравме на ниво, одиме напред и ќе бидеме подобри

Дибиров и Гонзалес: Не одигравме на ниво, одиме напред и ќе бидеме подобри

Вчера на програмата беше дуелот помеѓу нашиот шампион  Вардар и градскиот ривал РК Металург во рамките на регионалната СЕХА Газпром лигата. Вардар победи минимално  со  резултат 25:24 . Ова беше прва победа за црвено-црните  во вториот натпревар во СЕХА Газпром лигата оваа сезона 2016/2017. По крајот на мечот на стандардната прес-конференција свој став за дуелот искажа Раул Гонзалес  тренер на РК Вардар, тој изјави :

Нашиот противник  одигра добар натпревар. Ние не игравме добро, јас се согласувам со Тимур дека треба да играме подобро. Во првото полувреме одбраната не беше добра, но Ангелов беше одличен. Имавме и четири гола предност. Не трениравме за некои од новите правила, и она како ни одигра Металург, и сакам да им честитам на играчите на Металург.

Покрај вардаровиот кормилар на прес-конференцијата ставот го соопшти и руското крило Тимур Дибиров. Тој на медиумите за ова македонско и регионално дерби изјави следново:

Се согласувам дека понекогаш е добро и со лошата игра да се победа отколку добра игра и пораз. Не можеме да бидеме задоволни од играта, но мораме да бидеме и трпеливи. Не е ова формата што ја очекуваме. Постојано одиме напред и ќе бидеме подобри. Знаеме какви натпревари не чекаат. Ќе биде подобро. Ние сите веруваме во тоа.