Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Прес-конференција за натпреварот против Веспрем

Прес-конференција за натпреварот против Веспрем

Утре со почеток од 12 часот во прес-конферециската сала на сaпортскиот центар Јане Сандански, ракометниот клуб Вардар ќе одржи прес-конференција. Повод е новиот натпревар во сеха-лигата. Во Скопје ќе гостува актуелниот шампион на сеха и вицешампионот во ЛШ, екипата на Веспрем. Ова сигурно ќе биде првиот најсилен тест за Вардарци во новата сезона. Овој меч е закажан да се одигра во сабота, со почеток од 20:30 часот.

Веќе се пуштени картите во продажба и истите ќе чинат само 50 денари. Сите кои имаат набавено сезонски билети и новите ВАРДАР ПАСС картички исто така ќе имаат можност да го проследат овој дерби натпревар.