Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Играчите на Вардар со победа им го честитаа јубилејот на своите навивачи
Играчите на Вардар со победа им го честитаа јубилејот на своите навивачи

Играчите на Вардар со победа им го честитаа јубилејот на своите навивачи

Вечното фудбалско дерби и овој пат му припадна на шампионот на Македонија 1:0 (0:0). Во една незаборавна атмосфера, во едно одлично навивање и пиротехничко шоу, играчите на Вардар со победа им го честитаа роденденот на Комитите и на својот клуб. Секоја чест до навивачите на Вардар за она што го направија вечерва, исто така и до „Некст тајм“.

Вардар и Пелистер одиграа 0:0 по првиот дел. Вардар имаше две добри шанси за гол преку Николов но и двете не ги искористи, додека пак гостинскиот тим воглавно се бранеше во првиот дел. Во првите 45. минути Николов ја имаше најубавата шанса за гол, но во 8. минута по одлична топката од Блажевски биеше само над голот од 10 метри. Во ова прво полувреме Комитите направија атмосфера која ретко се памети во Македонија, кореографија, навивање, пиро – шоу … ова беше само мал дел од големата прослава на Комити.

fkВо вториот дел и двете екипи тргнаа офанзивно, во 57. минута Барсегјан одкосо од десно упати добар удар, меѓутоа голманот Јовановски успеа да одбрани. Гоооол, во 65. минута Вардар поведе со 1:0, Нафрлена топка од Фелипе на 6-7 метри, одбраната на Пелистер расчисти само до Велковски кој што со глава го проигра осамениот Муслиу, кој од 3-4 метри погоди со глава во мрежата на Јовановски. Во 67. минута во игра влезе Итало на местото на слабиот денеска Максимов. Во следните два напади се обидоа кај Вардар Итало и Блажевски но без гол, ударот на Итало го изби еден играч на Пелистер, а ударот на Блажевски одлично го одбрани Јовановски. Во игра влезе во продолжението и Марковиќ на местото на Николов. Во 81. минута нова шанса имаше Блажевски од левата страна упати незгодна топка која ја погоди пречката од голот на Пелистер. Иако имаше дури десет минути судиско надополнување, сепак Вардар ја сочува предноста од 1:0, а имаше и шанси да дојде до поубедлива победа.

15413-vardar-pelister-00-vo-zhivojj9