Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Будимир го надмудри Јовиќ, кадетите на РК Вардар го “преслушаа“ Металург во дербито на колото
Будимир го надмудри Јовиќ, кадетите на РК Вардар го “преслушаа“ Металург во дербито на колото

Будимир го надмудри Јовиќ, кадетите на РК Вардар го “преслушаа“ Металург во дербито на колото

Вечерва во спортската сала во населбата Автокоманда се одигра кадетското ракометно младинско дерби помеѓу екипите на Металург и Вардар. Поуспешни без избраниците на Андријана Будимир кои славеа со резултат 25:26.

2

Натпреварот со гол го отворија црвено-црните, за екипата на Металург да постигне три последователни голови и да поведе со 3:1. Во текот на целото прво полувреме двете екипи постојано се менуваа во водство, и ниту еден од двата тима немаше поголема предност од два гола. Имаше домашниот тим и предност од 4:2 и 7:5, но секогаш избраниците на Андријана Будимир одржуваа чекор и постојано го израмнуваа резултатот. Сепак при водство на противникот од 7:5, следиме минути кои му припаднаа на Вардар, кој прави серија од 0:4 и за прв пат на мечот имаа предност од два гола разлика (7:9). Ова предност ја зачувавме до крајот на првото полувреме, кога на одмор се замина со резултат 11:12 за нашите млади надежи.

3

Стартот на второто полувреме му припадна на нашиот тим, кој ги постигна првите два гола и зголемија на 11:14. Гледавме голема борба на теренот, каде преовладуваше голема желба кај двете екипи да победат на овој натпревар, кој го оправда епитетот “дерби“ меч. Мора да се напомене дека во вторите 30 минути постојано бевме во позитива и имавме контрола на резултатот. Добрата тактичка поставеност на тренерот Будимир, можеби беше решавачка за овој натпревар, која целосно го надмудри Јовиќ, тренерот на Металург на спротивната страна. Во неколку наврати имавме предност од три гола ( 14:17, 16:19, 20:23), а во последните четири минути влеговме со резултат 22:25. Се што успеа да стори до крајот, екипата на Металург е да го намали резултатот и да го заврши мечот со само еден гол негатива, или конечен резултат од 25:26.

4

Вардар го задржи стопроцентниот ефект по првите четири одиграни кола и се наоѓа на лидерската позиција во групата 3 од кадетската лига. Бојан Чакалиќ го предводеше Вардар во победата над својот ривал и најголем конкурент за трофејот, кој постигна осум голови. Никола Жерновски, Велимир Грујовски и Давид Савревски имаа по 4 голови. Дамјан Димитријевски имаше 3, Борис Павловски 2, додека Димчевски Благоја постигна 1 гол.