Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар одработува по два тренинга на ден
Вардар одработува по два тренинга на ден

Вардар одработува по два тренинга на ден

Денеска е третиот ден откако стручниот штаб на шампионот означи старт на летните подготовки. Иако не комплетни, иако недостасуваат пет играчи во Вардаровиот ростер, сепак кондициониот тренер Костиќ напорно работи со играчите и ги спрема пред се на физички план, да се врати онаа стара форма од пред некој месец.  Вардарци работат по два тренинга на ден. Седлоски прозива рано наутро во 09 часот, кога е предвиден првиот утрински тренинг, за да се избегнат големите жештини. Вардарци вториот свој тренинг го имаат секој ден по 17 часот напладне. Костиќ е задоволен од почетниот старт, тој за официјалната веб страна на клубот изјави:

„Во овој воведен дел од подготовките, претежно ќе работиме на издржливоста и функционалната снага кај играчите, додека дојдат на ред контролните натпревари. Момците кои во моментов ги имаме на располагање, полека, но, сигурно влегуваат во потребниот ритам. Со останатите, кои поради репрезентативните обврски треба да ни се приклучат наредниве денови, прво ќе видиме во каква форма се наоѓаат а потоа ќе изработиме соодветни програми на работа, за да може побргу да го фатат чекорот со останатите соиграчи. Како и да е, доколку се биде во ред, се надевам дека до средниата од следниот месец, кога нѐ очекува настапот на евро-сцената, ќе успееме што би се рекло народски, да ги наместиме коцките на своето место во мозаикот“, вели Костиќ.