Судбината сакаше првиот летен тест на црвено-црниот машки ракометен колектив да биде против тимот во кој ќе настапат нашите довчерашни играчи Алем Тоскиќ и Матјаж Брумен. РК Вардар на шестти јули ќе го игра првиот тест меч во сезоната 2016/2017 година со екипата на Горење од Велење-Словенија, тим чии нови членови се екс-вардарците Тоскиќ и Брумен.
Летните подготовките за сезоната 2016/2017 РК Вардар ќе ги започне на 27 јули, според планот за тогаш е закажан првиот собир кој ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Потоа тимот предводен од Раул Гонзалес ќе замине на подготовки во Крањска Гора, Словенија. Во словенечкиот тренинг-центар е предвидено да се остане во периодот 1 -12 август, таму се закажани две пријателски средби со екипата на Горење за време на престојот во Словенија. Потоа подготовките за новата сезона ќе ги продолжиме во Белорусија, каде што домаќин ќе ни биде тимот на Мешков, во Брест ќе бидеме од 18 до 22 август. Таму ќе одиграме силен подготвителен турнир против домаќинот, Висла Плоцк и против француски Сесон Рен. Според планот првите пет “контролки“ ги имаат следниве термини:
- Горење-РК Вардар (6.август)
- Горење-РК Вардар (10.август)
- РК Вардар-Сесон Рен (19.август)
- РК Вардар-Висла Плоцк (20.август)
- Брест Мешков-РК Вардар (21.август)
Напомена: По крајот на турнирот во Белорусија тимот предводен од Раул Гонзалес на 22 август се враќа во Скопје.