Веќе се познати и тест дуелите кои Вардар ќе ги одигра на летните подготовки во Австрија и најновата информација Хрватска, а не Словенија, како што беше до минатата година. Од клубот јавуваат дека нашите момци со целиот стручен стаб в понеделник ќе заминат во Австрија на вистински подготовки.
Прво, вардарците во периодот од 13 до 23 јуни ќе престојуваат во австрискиот Тацмандорф (хотел Авита). Втората фаза од подготовките ќе биде одработена во хрватскиот Свети Мартин на Мура (хотел Спа Голфер), каде што македонскиот шампион ќе престојува до 4 јули, за кога е предвидено враќањето во Скопје.
Вардар на овие подготовки ќе одигра и пет пријателски средби, и тоа со големи европски имиња. Ова се термините и локациите на натпреварите:
18 јуни: Вардар – Штурм (Австрија)
22 јуни: Вардар – Спартак Трнава (Словачка)
25 јуни: Вардар – Динамо Загреб (Хрватска)
29 јуни: Противникот ќе биде дополнително одреден
03 јули: Вардар – Марибор (Словенија)