Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > ГРК Борец е последната пречка за РК Вардар 2 за пласман во најсилната супер лига
ГРК Борец е последната пречка за РК Вардар 2 за пласман во најсилната супер лига

ГРК Борец е последната пречка за РК Вардар 2 за пласман во најсилната супер лига

Младата екипа на РК Вардар 2 во недела е пред нов голем предизвик. Следува решавачкиот натпревар за пласман во најсилната супер лига од следната натпреварувачка сезона. Противник за избраниците на Петрушевски и последната пречка за испишување историја за овие млади момчиња, ќе биде екипата на ГРК Борец од Велес. Само еден меч ќе го даде прашањето за екипата која следната сезона ќе се натпреварува во супер лигата. Овој дуел е закажан да се одигра во недела со почеток од 18 часот, на неутрален терен и тоа во Прилеп.

РК Вардар 2 како второплаасиран во првата ракометна лига и ГРК Борец како последнопласиран во плеј аутот на супер лигата, ќе се борат за посакуваното место. Како и да заврши овој натпревар, мора да се напомене дека младите Вардарци оваа сезона како дебитанти во првата лига се надминаа себеси и можеби на изненадување на ракометната јавност успеаа да дојдат до последниот чекор кон остварување на целта. Во првата ракометна лига влегоа како шампиони во младинска конкуренција, млади и незрели за големи натпревари, но сепак покажаа дека можат да се носат со било кој противник. Сигурни сме дека нашите момци ќе дадат се од себе и ќе дадат максиум од себе да го добијат овој натпревар.