Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Од утре ФК Вардар повторно на тренинг
Од утре ФК Вардар повторно на тренинг

Од утре ФК Вардар повторно на тренинг

Зимскиот одмор за есенскиот шампион завршува утре. Утре  Седлоски ќе го одржи првиот тренинг во новата 2016 година. Утре Вардарци ќе тргнат на билдање на својата форма, која треба да се искачува во нагорна линија од тренинг на тренинг. Очекуваме нашите играчи врвната форма да ја достигнат на зимските подготовки во Анталија, кога на црвено – црното ”мени” ќе бидат тимови од различни првенства во Европа, пред се од Австрија и Романија.

Очекуваме на утрешниот тренинг вообичаено да се појават сите играчи на ФК Вардар. Се очекува и првиот тренинг пред јавноста да го има и најновото засилување на Вардарци Дамир Којашевиќ. Но, тоа не е се, очекуваме уште нови играчи пред заминувањето за Анталија.