Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дембеле и Радичевиќ најдобри крила во 2015 година, според изборот на “Хандбал Планет“
Дембеле и Радичевиќ најдобри крила во 2015 година, според изборот на “Хандбал Планет“

Дембеле и Радичевиќ најдобри крила во 2015 година, според изборот на “Хандбал Планет“

Според гласањето на 19 ракометни новинари од 17 различни земји и три континенти, левиот бек на Будуќност и Романската репрезентација Кристина Неагу го доби признанието за најдобар играч во 2015 година. Таа доби 14.712 гласови и победи пред сите други, во конкуренција на 31 ракометарка, меѓу кои беа и девојките на Вардар.

Во најдобриот тим за 2015 година според изборот на “Хандбал Планет“ се најдоа крилата на Вардар Јованка Радичевиќ и Сираба Дембеле.

Идеалниот тим за 2015 го сочинуваат:

Голман: Паула Унгуреану( Баја Маре)

Лево крило: Сираба Дембеле ( Вардар)

Пикер: Хејди Локе  ( Ѓер)

Десно Крило: Јованка Радичевиќ

Лев бек: Кристина Неагу

Среден бек: Корнела Грот ( Ѓер)

Десен бек: Нора Морк ( Ларвик)

Кристина Неагу освои и најмногу поени во севкупното гласање од фановите на социјалната мрежа “Фејсбук“ и според гласањето на новинарите.

1. Кристина Неагу 84

2. Нора Морк 52

3. Хејди Локе  49

4. Катарина Булатовиќ  44

5. Јованка Радчевиќ 39