Предмалку заврши прес-конференцијата на нашиот женски црвено-црн колектив, по повод натпреварот со ЦСМ букурешт и истата се одржа во С.Ц. Јане Сандански. Присутни беа претседателот на клубот Гордана Нацева, шефот на стручниот штаб на црвено-црните Индира Кастратовиќ и Пенезиќ како преставник од играчите.
-Најпрво во името на клубот да ви ја честитам новата 2016 година и да ви посакам среќни новогодишни и божиќни празници. Искрено се надевам дека со победа ќе стартуваме во новата натпреварувачка година. Не очекуваат најважните натпревари за пласман во најдобрите осум екипи, во оваа групна фаза немаме право на “киксови“. Мораме да се фокусираме на нашата игра, секогаш е тешко после репрезентативните настапи да се вратиме во играчка форма, но сигруна сум дека девојките ќе дадат се од себе. Не очекува добар ракометен натпревар со одлична атмосфера. Вардар и оваа сезона ќе атакува на завршниот турнир, а ЦСМ Букурешт ќе биде првиот чекор и пречка кон оствaрување на оваа цел, изјави Гордана Нацева.
Најдобриот играч на Вардарки изминативе две сезони, Андреа Пенезиќ се надева дека тимот ќе пружи добра игра и на крајот дека ќе го добие мечот.
-Очекувам добро да ја стартуваме новата групна фаза. Не чека еден многу тежок натпревар, против екипата на ЦСМ Букуреш кој располага со одлични играчи. Имавме време да се одмориме и да ги наполниме батериите за новите предизвици кои ни следуваат. Утре мора да одиграме многу јако и да не дозволиме некој да ни одземе бодови во нашата арена. Мора во текот на целиот меч да бидеме на високо ниво, се надевам дека публиката во голема мера ќе ни помогне во конечниот триумф, рече Андреа Пенезиќ.