Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кастратовиќ: Нашата добра одбрана, треба да биде клучот за победа на овој дуел
Кастратовиќ: Нашата добра одбрана, треба да биде клучот за победа на овој дуел

Кастратовиќ: Нашата добра одбрана, треба да биде клучот за победа на овој дуел

Утре со почеток од 17 и 30 часот во С.Ц. Јане Сандански не очекува првиот натпревар во новата групна фаза за нашиот женски ракометен шампион. По тој повод денес се одржа прес-конференција, на која говореше шефот на стручниот штаб Индира Кастратовиќ, која вети максимално залагање од нејзините избранички и победа на овој прв воведен меч во новата натпреварувачка година.

-Имавме доволно време да се подготвиме за овој прв натпревар од лигата на шампионите во новата година. Го анализиравме тимот на ЦСМ Букурешт и се обидовме да ги пронајдеме нивните слаби точки. Сите сме подготвени за утрешниот меч и ќе се потрудиме истиот и да го добиеме. Ни фалат многу вакви натпревари, затоа ќе влеземе со желба и голема емоција за победа. Треба да одиграме со мирна глава и паметно во текот на сите 60 минути, будејќи Букурешт не е тим кој игра добар ракомет само 10 минути. Противникот има пред се добри голмани, хендикеп за нив ќе биде неиграњето на десниот бек Јоргенсен. Можат да играат и со два пикера, а располагаат и со одлични играчи од крилните позиции. Нашата добра одбрана треба да биде клучот за триумфот на овој тежок дуел.

Од Вардаровиот табор искрено посакуваат дека оваа сезона ќе одиме чекор понапред од претходните две, кога го освојувавме бронзениот медал од завршните турнири.

Секој од нас сака да направиме чекор понапред за разлика од претходните две сезони и ние се стремиме кон таа цел. Секоја година сме поискусни и покомпактни, но сепак велам да одиме чекор по чекор, изјави Индира Кастратовиќ на прес-конференцијата.