Веќе и клубот официјално потврди, ФК Вардар ќе замине на зимски подготовки и билдање на формата во Анталија. Вардарци уште во сезоната кога беa под раководство на Град Скопје заминаa прв пат на подготовки во Анталија, и од тогаш па се до овие нови зимски подготовки Вардарци ”незнаат” за друга средина. Изгледа полн погодок за тренинг и услови нуди топлата Анталија, па нема дилеми каде ќе се замине и оваа зима. Несомнено, Анталија располага со одлични услови за тренинг, хотели, спа центри, и тн, па ФК Вардар ќе ги има сите услови за успешни зимски подготовки.
Ви прикажуваме фото од Анталија, кога тимот на ФК Вардар ја освои титулта во ПМФЛ.
Како што е добро познато оваа пролет шампионатот започнува малку порано, веќе на 21 февруари Вардарци ќе го пречекаат тимот на ФК Ренова.