Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Филип Јовановски – Капитенот на ФК Вардар генерација “2005“
Филип Јовановски – Капитенот на ФК Вардар генерација “2005“

Филип Јовановски – Капитенот на ФК Вардар генерација “2005“

Во наредниот текст се запознаваме со капитенот и членот на ФК Вардар „генерација 2005“. Се на едно место: Брзина, техника, шут, чувство за гол и колективност – што уште треба за еден фудбалер.

Филип Јовановски е еден е од најголемите Вардарови надежи од генерацијата 2005. Првите фудбалски чекори ги започна во ФК Вардар кога имаше неполни осум години и остана верен на клубот до денес. Поради верноста кон клубот и добрата игра која ја прикажува заслужено ја носи капитенската лента на ФК Вардар од „генерација 2005“. Во детската лига настапува за Фк Вардар (1) на оваа генерација и е втор најдобар стрелец во есенскиот дел со вкупно 13 постигнати голови. Неговиот тим има максимален број на освоени бодови или 33, од вкупно 11 одиграни мечеви.

datauri-file

Се работи за фудбалер со одлична брзина, техника и шут. Одлично шутира со лева и десна нога, што е реткост за оваа возраст. Тој е најубитачното лево крило од ФК Вардар, а веруваме и во Македонија за оваа генерација. Филип е еден од најзаслужните за победите и успехот на ФК Вардар „генерација 2005“. Многу тешки натпревари ги има решено со неговите индивидуални квалитети. Со ФК Вардар има учествувано на повеќе домашни и меѓународни турнири со освоени повеќе награди и пофалници. Во сезоната 2013/14 и 2014/215 беше најдобар стрелец за ФК Вардар. Покрај тоа што е скромна личност и одличен фудбалер, исто така е одличен и примерен ученик во „ООУ Вера Јоциќ“-Скопје.

vardarfans kapitenot na gener 2005

Како капитен, како ја оценувате изминатата сезона за ФК Вардар „генерација 2005„?

-Постигнавме голем успех во детската лига, есенската сезона ја завршивме на првото место без изгубен натпревар, со што ретко кој може да се пофали. Доколку кажеме дека во просек постигнавме околу 4-5 голови на секој натпревар, успехот е многу поголем од првото место. Имаме одлични тренинзи, добар тим и колектив под водство на тренерот Зоран Петковски и со поголеми напори очекувам поголеми успеси. Учествувавме на неколку турнири во Македонија и слободно можам да кажам дека покажавме најмногу од сите фудбалски клубови и школи, што е поттик да работиме понапорно и со добар колектив ќе постигнеме поголем успех.

Што очекувате од пролетниот дел на сезоната ?

-Поинаку не размислувам освен да го дадеме максимумот како тим и да ја завршиме сезоната на прво место, за кое верувам дека така размислуваат сите играчи од клубот. Во секој случај ќе биде потешко отколку во есенската сезона, но јас верувам во себе, играчите, тренерите и клубот. Ние размислуваме само на победи и на првото место, се друго за нас би било неуспех, како најтрофеен клуб во Република Македонија.

Која е вашата желба за во иднина?

-Очекувам да се натпреваруваме со поголеми клубови на некои од регионалните или меѓународни турнири, се разбира и да освоиме медал, тоа е желба на секој спортист да се биде најдобар меѓу најдобрите, изјави Филип Јовановски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски