Вчера во Кршко се одигра тест-дуел помеѓу најдобрата ракометна селекција на Македонија и избраниците на Веселин Вујовиќ, А-репрезентацијата на Словенија која беше домаќин на овој пријателски меч. Нашите момци успеаа со домаќинот во еден убав и допадлив меч да одиграат реми, резултатот на семафорот по 60 минути игра изнесуваше 28-28.
Мечот почна со тврда одбрана на двете страни, со исклучително малце погодоци, па така негде по десетина минути игра резултатот беше само 1-2 за црвено-жолтите. Домаќините успеваат да се одлепат со серија 6-1 и да го преземат водството од нашиот состав, резултатот по оваа серија е 7-3 за словенците што е дотогаш најголема предност од плус 4 за една екипа. До крајот на првиот дел домашните играчи се обидуваат и успеваат да отидат на одмор со предност, ние само за гол ја намаливме најголемата предност од плус 4 и заминуваме на одмор со резултат на семафорот 13-10. Избраниците на Ивица Обрван успеваат вториот дел да го отворат со серија 2-6 и да го преземат водството од домашниот состав и ако минимално успеваме да поведеме со 15-16. Потоа поведуваме и со два гола предност 18-20, но домаќините успеваат да ја вратат позитивата со серија 3-0 на 21-20 за нив. Во продолжението Словенците поведоа и со 25-22, но нашите ракометари намалија на 25-24. Успеавме да се одржиме на гол негатива се до 58 минута , резулатот беше 27-26 по што момците предводени од Вујовиќ успеваат да зголемат на 28-26. Докрај во лавовска битка во одбраната и реализирање на казнени удари успејавме да обезбедиме поволни 28-28. Од вардарците 2 пати стрелаа : Стоилов и Манасков, а Филип Лазаров не успеа да запише погодок зад своето име на овој прв дуел.
НАПОМЕНА: Нашата А-репрезентација со Словенија ќе одигра два натпревари, по вчерашниот во Кршко и денес ( вторник ) ќе ги одмери силите со домашните ракометари и тоа во 18:30 часот, дуелот ќе се игра во Целје