Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар во карантин во Охрид
Вардар во карантин во Охрид

Вардар во карантин во Охрид

Фудбалерите на Вардар крајно сериозно го сфатија овој натпревар против Воска Спорт, па така веќе се во Охрид каде ќе останат оваа вечер и ќе се подготвуваат за утрешниот дерби дуел кој започнува од 13 часот.

Овој дуел е многу значаен за двете екипи, посебно за Вардар кој со победа ќе се искачи на втората позиција на првенствената табела. Пред овој натпревар нема нови повредени играчи, ниту пак картонирани играчи, па така сите што беа во ростерот се спремни за игра и победа.

Утрешниот дуел од Охрид, ќе имате можност да го проследите низ директен видео стрим. Како што рековме, дуелот стартува од 13 часот.