Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на РК Вардар утре со деби дуел
Пионерите на РК Вардар утре со деби дуел

Пионерите на РК Вардар утре со деби дуел

Пионерите на РК Вардар кои се формирани ова лето ќе го имаат своето „огнено крштевање„ утре. Во рамки на 2.коло од Групата-А тие ќе го одиграат својот прв дуел, во 1.коло беа слободни.

Овој тим го предводи човекот кој е познат по создавање млади ракометари, Зоран Петковски-Зенга. Играме против тимот на МРК Куманово, дуелот е закажан за утре, во недела (28/11/2021) во Спортскиот центар „Јане Сандански“. Натпреварот е закажан со почеток во 13-00 часот.