Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Мицевски доби повик за дуелот со Грузија
Мицевски доби повик за дуелот со Грузија

Мицевски доби повик за дуелот со Грузија

Капитенот на ФК Вардар, Дарко Мицевски е еден од четворицата играчи од Првата македонска фудбалска лига што добија дополнителен повик од селекторот Игор Ангеловски и треба да се појават во А-репрезентацијата на Македонија за претстојниот натпревар против Грузија во Лигата на нации в среда.

Добрите партии во дресот на шампионот на Македонија му носат шанса на Мицевски да дебитира во А-репрезентација на Македонија.

Покрај Мицевски, повик добија Љупчо Дориев и Енур Тотре од Шкендија, како и Томе Китановски од Македонија ЃП.