Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед 5 и 6.коло! ЖРК Вардар со Металург и Куманово единствени со 100% ефект во лигата
Преглед 5 и 6.коло! ЖРК Вардар со Металург и Куманово единствени со 100% ефект во лигата

Преглед 5 и 6.коло! ЖРК Вардар со Металург и Куманово единствени со 100% ефект во лигата

Изминатиот викенд по ковид-19 тестовите во четвртокот се одиграа две нови кола во женската ракометна сениорска лига. За разлика од првите 4.кола кои се одиграа комплетни овие две се одиграа половично, дел од мечевите не се играа заради превенцијата од Ковид-19, дел заради настапот на Чаир на меѓународна сцена.

ЖРК Вардар во 5.рунда не одигра меч со Чаир, во вчерашното, шестто коло ја пречека екипата од Свети Николе на домашен терен. Девојките на Ристова и Царчев, во СЦ „Јане Сандански“ дојдоа до убедлива победа над Овче Поле со резултат 40-19.  Вака изгледаат резултатите од изминатите две рунди:

5.КОЛО

 6.КОЛО

На табелата има три тима без пораз, тоа сме ние Куманово и Металург. Двата наши ривали за врвот имаат еден дуел повеќе одиграно, но сите имаме 100% ефект. 

Следниот викенд не очекуваат две нови кола, во следното 7.коло сме гости кај тимот предводен од Радулувиќ, екипата на РК Шампион. Во 8.коло ќе ја пречекаме екипата на РК Кузман Вардар од населбата Илинден.