На проблемите на ФК Вардар им нема крај. По катастрофалната сезона и завршувањето на истата зад Шкендија со преку 30. бодови, Вардар доживеа уште еден дебакл, овој пат во Лигата на Европа од анонимниот Пјуник од Ерменија.
Вардар оваа година во првото коло беше елиминиран дури од 326 фудбалски тим според УЕФА ранкингот. Како што можете да видите на фотографијата, минатите сезони (освен дуелите со Стеауа) Вардар имаше шанси да ги пројде 61 носител во 2012 година, во 2015 исто така 61 носител, а минатата година во Л.Ш за малку не падна 43 носител, тимот на Копенхаген, кој беше совладан во Скопје со 1:0.