Дојде викенд, тоа значи дека e резервиран за Црвено – Црните тимови. По огромна пауза, конечно дочекавме нашиот миленик Фк Вардар да го гледаме. Утре Вардарци по пауза од три месеци, ја отвaраат пролетната сезона во ПМФЛ против Кратовски Силекс. Овој натпревар е закажан со почеток во 14 часот.
Ракометарите на Вардар пак, денес со почеток во 18 часот во Словачка ќе одиграат меч од Сеха Газпром Лигата против Татран од Прешов.
Ракометарките на Вардар, играат важен дуел пред својата публика, да се биде или не, против Германски Лајпциг. Девојките на Инди мора да победат на овој натпревар за да ги задржат шансите за понатамошен пласман во Лигата на Шампионките. Овој натпревар започнува од 19 часот во СЦ. Јане Сандански. Дојдете да им дадеме подршка на девојките !