Како што јавуваат колегите од Кратово, еуфорија почнува да владее во Кратово, бидејќи утре доаѓа најголемиот фудбалски бренд во нашата земја, екипата на Вардар. Но екипата на Вардар не доаѓа сама, како и секогаш, фудбалерите на Вардар ќе добијат огромна подршка од своите навивачи, популарните Комити. Се очекува Комитите да пристигна во голем број.
Како што јавува aberdzija.com, исто така повод за сите Кратовчани да дојдат на стадион е, и рекордната сума на играчите на Вардар, според сајтовите кој се занимаваат со вредноста на играчите, покажува дека овој Вардар чини повеќе од 10 милиони евра, само за напомена најплатениот играч на Силекс вреди 250.000 евра.
Несомнено утре не очекува интересен дуел во Кратово.
Foto:fkvardar.mk