Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Голеада во мрежата на Милано, избраниците на Сашо Јанев стигнаа до нова победа во регионалната-скопска лига
Голеада во мрежата на Милано, избраниците на Сашо Јанев стигнаа до нова победа во регионалната-скопска лига

Голеада во мрежата на Милано, избраниците на Сашо Јанев стигнаа до нова победа во регионалната-скопска лига

Генерацијата на ФК Вардар родени “2005„ година стигнаа и до третата последователна победа во рамките на регионалната-скопска лига, откако утрово на теренот на Академијата ја совладаа екипата на Милано. Избраниците на Сашо Јанев беа убедливи, совладувајќи го противникот со резултат од 4:0.

Тренерот Јанев стартуваше со следните 11-сетмина: Илиевски, Конески, Кукуловски, Таневски, Галевски, Спасиќ, Сековски, Гаштаров, Лефковски, Коловски, Величковски.

Целосна доминација на црвено-црните на овој меч, кои успеаа рано да го отворат резултатот, кога погоди Давор Лефковски, на упатен центар шут од левата страна на Коловски, Лефковски покажа чуство за погодок и ја смести топката во мрежата, за предност од 1:0. Во следната акција се закани и Тино Спасиќ, но ударот оди над голот на противникот. Милано речиси и да не упати директен удар во првиот дел, така да нашиот голман, Леонид Илиевски немаше многу работа во првото полувреме. Голгетерот на Вардарци, Никола Величковски успева да се запише во листата на стрелци и на овој натпревар, кога доби употреблива топка од своите соиграчи, иако имаше двајца противнички играчи покрај него, Величковски собра сили да упати удар и да ја смести топката во противничката мрежа, за зголемување на 2:0. До крајот на првиот дел за одбележување се и ударите на Кристијан Галевски, во првиот обид одбрани голманот на Милано, додека во вториот обид од голема далечина шутираше над голот.

Тренерот на Вардар, Сашо Јанев на овој меч им даде шанса за настап на сите играчи кои му беа на располагање. Во игра во вториот дел влегоа Ристовски, Николовски, Калановски, Наумовски, Филевски, Јакимовски и Радевски. Од игра излегоа Конески, Галевски, Сековски, Лефковски, Илиевски, Коловски и Величковски. Во овој дел од мечот паднаа уште два гола во мрежата на противникот. Целосна иницијатива и во вториот дел за екипата на Вардар. Кристијан Таневски со глава успеа да го матира голманот на Милано и да зголеми на 3:0, за конечниот резултат на овој натпревар од 4:0 да ги постави Давор Лефковски, кој го постигна својот втор гол на овој дуел.

Ова беше трета победа во серија за оваа генерација во дебитан