Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Момците на Петковски, ФК Вардар генер.2009 со убедлива победа ја започнаа Детската лига
Момците на Петковски, ФК Вардар генер.2009 со убедлива победа ја започнаа Детската лига

Момците на Петковски, ФК Вардар генер.2009 со убедлива победа ја започнаа Детската лига

Денес на теренот на ФФМ во Ново Лисиче започнаа натпреварите во генерација родени 2008 година од детската фудбалска лига. Во ова прво коло ФК Вардар генер.2009 (1) го одигра првиот дуел, момците на Зоран Петковски го надиграа тимот на ФК Дрим Тим и го совладаа си 7-2.

a3

Црвено-црните тргнаа агресивно по првата свирка, тие атакуваа на голот на Дрим Тим со цел да го решат дуелот уште во првиот период. На почетокот имавме неколку прилики кои не ги претворивме во погодок, но потоа умешно стрелавме дури три пати. На одмор заминавме со предност од три гола, односно со резултат 3-0. За Вардар головите ги постигнаа тројца различни момци, Даниел Коловски, Марко Петковски и Јаков Стојановски.  Уште по првиот дел покажавме дека целосно го контолираме овој натпревар и дека ќе отвориме со победа во новата сезона 2018/2019.

a4

Вториот дел започна како што заврши и првиот дел, имавме повеќе од играта на почетокот по една шанса имаа Марко Петковски и Павел Котески-Митровски. По еден кикс на нашата одбрана нашиот ривал намали на 3-1, но ние веќе во следниот напад вративме и повторно водевме со три гола позитива. Се изведуваше корна од десна страна топката стигна до Павел Котески-Митровски, тој со силен волеј удар ја затресе мрежата на ФК Дрим Тим за предност со 4-1 на црвено-црните.

a5

Голот за 5-1 беше вистинско ремек-дело, имавме слободен удар на дистанца од 15.метра топката ја зема Марко Петковски, шутна силно над живиот ѕид и погоди атрактивно под гредата. Големата предност донесе благо опуштање кое го искористи противникот и намали на 5-2 со нивниот последен гол на овој дуел. До крајот ние имавме уште прилики од нив две ги претворивме во погодок. Најпрвин Дарин Михајловски зголеми на 6-2, а потоа Васе Папаливски со удар од дистанца ги постави конечните 7-2 на овој дуел од 1.коло во детската лига.