Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар и Милано одиграа без голови, кај генер. “2004„ на меч од регионалната-скопска лига
Вардар и Милано одиграа без голови, кај генер. “2004„ на меч од регионалната-скопска лига

Вардар и Милано одиграа без голови, кај генер. “2004„ на меч од регионалната-скопска лига

Вардаровата генерација “2004„ не успеа да победи на денешниот натпревар од регионалната-скопска лига. На теренот на Академијата, црвено-црните за противник го имаа тимот на Милано, со кој ремизираа 0:0.

Тренерот Георгиевски стартуваше со следните 11-сетмина: Силјановски, Анчевски, Милошевски, Јаневски, Павлески, Серафимов, Идризи, Каровски, Перковски, Ибраим, Гуџуфи.

Во првото полувреме не видовме многу шанси на двете страни. Вардар беше екипата која имаше иницијатива, но сепак не успеаа да постигнат гол во овој дел од мечот. Првиот директен удар го имаше новото засилување во Вардар, кој дојде од градскиот ривал, се работи за Идризи кој шутираше од 20-сетина метри, но одбрани голманот на Милано. Најголемата прилика за отварање на резултатот ја имаше Никола Павлески, кој доби употреблива топка од десната страна, ја смири и шутираше, но топката заврши покрај голот на Милано. До крајот на првиот дел за одбележување се и ударите на Милошевски кој со глава бие покрај, како и ударот на гостинската екипа, но одбрани Силјановски. По првите 40 минути резултатот е оној почетниот 0:0.

1

Ниту во второто полувреме не видовме гол на овој натпревар, кој заврши со поделба на бодовите. Прв којс е закани беше Гуџуфи кој биеше покрај голот. Први измени во нашите редови, од игра излегоа Силјановски и Перковски, на нивно место во игра се Гигов и Хајдари. Голема прилика имаше Левент Ибраим кога шутираше од околи 20-сетина метри, голманот на Милано ја зафати топката доволно да заврши во пречката.

3

Повторно Ибраим се најде во прилика, откако Павлески му асистираше, сепак повторно брани голманот на кумановчани. Се закани и тимот на Милано, но без поголема опасност по нашиот гол. Нашиот тренер нрапви уште неколку измени, во игра влегоа Ѓорѓиевски, Стојановски, Попов и Стоимов, но и замените не дадоа резултат, па на крајот мечот заврши без голови 0:0.