Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Прв пораз за кадетките на Вардар, ЖРК Алушовски подобар на дуелот во “Јане Сандански“
Прв пораз за кадетките на Вардар, ЖРК Алушовски подобар на дуелот во “Јане Сандански“

Прв пораз за кадетките на Вардар, ЖРК Алушовски подобар на дуелот во “Јане Сандански“

Денес во малата сала при СЦ “Јане Сандански“ кадетскиот тим на ЖРК Вардар го пречека тимот на ЖРК Алушовски. Во еден меч со многу борба до победа стигнаа девојките на нашиот ривал. Сино-белите девојки дојдоа до победа со резултат 21:23 (13:14) од 4.коло во кадетската женска лига.

q4

Најпрвин на почетокот ние поведовме со 1-0, но гостинките со два гола во серија го преземаа водството со 1-2.  Cо головите на Коцева и Пешиќ вративме со иста мера и поведовме со 3-2.  Потоа се играше игра гол за гол двата тима постојано се одлепува со еден погoдок, апак ривалот ја враќаше резултатската симетрија на дуелот се до 7-7. Тогаш првпат РК Алушовски поведе со два гола 7-9, гостинките имаа свој период и успеаа поведат со 8-11, веднаш реагираше нашата клупа и побара минута одмор. По советите на Платон со серија 3-0 изедначивме на 11-11, пред се благодарејќи на неколкуте одбрани во серија на Леа Христоска на нашиот гол. До крајот двата тима постигнаа уште два гола во противничките мрежи за во последните 30.секунди да влеземе со резултат 13-13 на семафорот во “Јане Сандански“. Гостите реализираа еден напад, ние немавме време за да вратиме и на одмор заминавме со негатива од еден погодок, 13-14.

q2

Вториот дел беше крајно не ефикасен, по седум минути ракомет немаше гол на двете страни. Имаше многу борба, но не и погодоци, нашиот противник поведе со 13-15 8.минута, ние од пенал вративме преку Мила Пешиќ. По 15.минути ракомет имавме дадено само еден гол, па противникот успеа да се одлепи на 14-17, најзаслужна за тоа што не беше казната нашата неефикасност беше нашиот голман Леа Христоска.  Во последните десет минути влегоме со минус три, на семафорот во малата сала при СЦ “Јане Сандански“  стоеше 17-20. До крајот се трудевме многу, сепак за жал само успеаавме да намалиме и бевме поразени со 23-21.

q3

Кај нас Коцева Бојана имаше 7 гола, а Коцева Борјана даде 5 гола, Пешиќ Мила имаше 3 погодока, по гол помалку имаа Александра Коловска, Максимовска Натали и Радевска Бојана.   На нашиот гол Леа Христоска беше двоцифрена по бројот на одбрани на овој натпревар, таа влезе во игра околу 10.минута во првиот дел.