Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Струга подобра од Вардар Јуниор, прв пораз за младите вардарци во Супер лигата
Струга подобра од Вардар Јуниор, прв пораз за младите вардарци во Супер лигата

Струга подобра од Вардар Јуниор, прв пораз за младите вардарци во Супер лигата

Младиот состав на Вардар Јуниор го претрпе првиот пораз во новата сезона од супер-лигата, откако вечерва беа поразени на гостувањето кај екипата на Струга. Славеше домашниот тим со двоцифрена предност, резултатот на крајот беше 32:22.

Иззбраниците на Петрушевски дадоа силен отпор, но сепак дојде до израз младоста и неискуството кај овие момци, кои секако дека има што да покажат во продолжение од сезоната. Први го отворивме резултатот, но домашниот тим постигна три гола во серија и од тој момент не дозволи да ја испушти предноста. Водстовото во првиот дел се движеше од 3-5 гола во корист на Струга. По првото полувреме резултатот беше 15:10. Во вториот дел само се зголемуваше позитивата во корист на стружани, а Вардар Јуниор не успеа да се врати во мечот. На крајот победата беше изразена и со двоцифрена разлика.

Кај Вардар најефикасен беше десното крило, Мартин Димов ,кој постигна 5 голови, додека левиот бек Дејан Кукуловски беше стрелец на 4 голови.

ВАРДАР ЈУНИОР: Ставровски, Димов 5, Јанковски 3, Кукуловски 4, Јакимовски 2, Карапалевски 2, Атанасовски, Бикоски, Ќосевски 1, Николовски, Анѓеловски, Гашоски, Димитровски 1, Крстевски 1, Анѓелковски, Ѓоргиев 1, Атанасовски 2.