Вардаровата генерација “2007„ успеаа да се пласира во 1/4 на силниот меѓународен турнир “Кул Куп„ кој стартуваше во текот на вчерашниот ден. Денес избраниците на Горан Петрески стигнаа и до третата победа во групата и на тој начин го визираа пласманот во 1/4, освојувајќи го убедливо првото место во својата група.
Немавме поголеми проблеми да победиме и на последниот меч во групната фаза, совладувајќи ја високо домашната екипа на Кул, со резултат од 7:0. Марко Киш успеа да постигне два гола, додека по еден беа дело на Стефан Младеновски, Александар Грашески, Лука Атанасовски, Милош Спасовски и Борјан Томовски
Во текот на вчерашниот ден, младите вардарци ги победија екипите на Ал Барса (2:0) и Тиквеш од Кавадарци (6:1).
Утре на програмата се завршните натпревари на турнирот, на кој Вардар ќе се бори да стигне до големото финале.