Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Убедлив старт на сезоната за пионерките на Вардар, избраничките на Платон со висока победа во дуелот со Делчево
Убедлив старт на сезоната за пионерките на Вардар, избраничките на Платон со висока победа во дуелот со Делчево

Убедлив старт на сезоната за пионерките на Вардар, избраничките на Платон со висока победа во дуелот со Делчево

Пионерките на ракометниот клуб Вардар со победа ја отворија новата натпреварувачка сезона во пионерската лига. Во рамките на групата 1, избраничките на Анжела Платон немаа поголеми проблеми во дуелот со Делчево, противник кој го совладаа убедливо со резултат од 24:10.

vardarfans-5

Вардарки започнаа со серија од четири последователни голови, а првиот гол екипата на Делчево го постигна во 5 минута од дуелот. Истава позитива од четири гола разлика ја имавме и при предност од 6:2, за да направиме серија од 5:0 и да зголемиме на 11:2. До крајот на првиот дел стигна и двоцифрената предност на вардарки, која на одмор изнесуваше 13:3.

vardarfans-3

Второто полувреме започна со погодок на гостинките од Делчево, кои реализираа со удар од седум метри, за намалување на двоцифрената предност. Вратија веднаш вардарки, а на голот на нашите пионерки до одбрана стигна и Вероника Ѓорѓиевска, која ја замени Леа Христоска. . Имавме контрола на резултатот и во овој дел од играта, едноставно предноста од десет голови разлика во првиот дел, ни ја олесни уште повеќе задачата во обидот да стигнеме до првите бодови во новата сезона. Имавме можност во два напади да зголемиме и на највисоки 12 голови разлика, но не ги искористивме, затоа во 33 минута избраничките на Платон поведоа со 19:7, а во следната минута и со 20:7, што беше знак за тренерот на Делчево, Горан Велков да побара минута одмор.

vardarfans-2

Не се променија работите на теренот, Вардар го полнеше голот на противникот, а во 37 минута имавме највисоко водство од 23:9, кога погоди Борјана Коцева, за во следниот напад на 24:9 да зголеми и Андреа Миланова. За одбележување е и одбраната на Ана Мирческа. На крајот Делчево постигна гол, со што ги постави конечните 24:10 на овој натпревар.

vardarfans-4

ЖРК Вардар: Ѓориевска, Андовска 2, Крагељ 1, Равојска, Мирческа, Коловска 2, Трајановска, Христоска, Коцева Борјана 6, Тошевска 5, Ангеловска 2, Максимовска 1, Миланова 1, Пешиќ 1, Радевска 1, Коцева Бојана 2.

Тренер: Анжела Платон