Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Падна Пелистер, вардаровата генер. “2007“ ќе игра во големото финале на детската лига
Падна Пелистер, вардаровата генер. “2007“ ќе игра во големото финале на детската лига

Падна Пелистер, вардаровата генер. “2007“ ќе игра во големото финале на детската лига

Денес на терените на ФММ започна завршниот турнир во детската фудбалска лига. Вардаровата генерација “2007“ ќе игра во големото финале на детската лига, откако попладнево успеаа во полуфиналето да ја совладаат екипата на Пелистер, со резултат од 2:0 и со двата погодоци во второто полувреме.

3

Имавме шанси и во првиот дел да го отвориме резултатот, како и Пелистер, но двата голмани успеаа да ја зачуваат својата мрежа незатресена. Прв кој се обиде беше Марко Киш, кој од прекин бие покрај голот на битолчани. Најголемата прилика за отварање на резултатот ја имавме, кога Борјан Томовски ја погоди пречката од голот на Пелистер. Се закани за прв пат и противникот, но успешно одбрани нашиот голман, Лука Јаневски. Се играше брз и динамичен натпревар, но и двете екипи беа претпазливи во своите обиди. Повторно се закани Томовски, кој од левата страна биеше над голот, како и Златко Радески, кој од прекин бие само во рацете на добро поставениот голман. По првото полувреме не видовме гол, па на краток одмор се замина со почетните 0:0.

1 2

Голема борба на теренот гледавме и во второто полувреме. Најмладиот Грашески имаше обид од слободен удар, кој бие над голот на Пелистер. Добра прилика имавме и преку Емир Шаботиќ, но одбрани голманот. Негатива на Вардар спрели Лука Јаневски, кој одбрани добра прилика на Пелистер и го задржа Вардар во борба за финалето. Беше јасно дека еден гол може да го реши победникот, со оглед дека се играше се потешко, беше евидентен заморот кај двете екипи. Сепак повеќе сили имаа избраниците на Томче Трајановски, кои успеваат да поведат со голот на Стефан Младеновски, кој донесе голема радост кај вардаровите играчи, но и на присутните.

4

Иако Пелистер се обиде да создаде некоја опасност кон нашиот гол, успешно ги затворивме сите приоди. Одлично функциониравме во таа последна дефанзивна линија, на чело со капитенот Спасовски, потоа Киш, Крстевски и Радески, кои не дозволуваа опасности по голот на Јаневски. Откако тимот од Битола направи три корни, беше досуден пенал за Вардар, а Грашески ја потврди победата со гол за 2:0 и пласман во големото финале на детската лига.