Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генер. “2006“ ја победи ЛГ Битола и утре ќе се бори за трофејот во детската лига
Вардаровата генер. “2006“ ја победи ЛГ Битола и утре ќе се бори за трофејот во детската лига

Вардаровата генер. “2006“ ја победи ЛГ Битола и утре ќе се бори за трофејот во детската лига

Генерацијата на ФК Вардар родени “2006“ година успеаа да се пласираат во големото финале на детската лига, откако во полуфиналето ја совладаа екипата на ЛГ Битола, која ја совладавме со резултат 4:1.

a4

Заслужена победа за избраниците на Сашо Јанев, кои имаа голем посед на топка и голем број на шанси. По пет минути игра се случи и првиот директен удар, кој го упати Вардар преку капитенот Дарко Сековски, кој заврши над голот на битолчани. Сепак истиов играч успеа да му донесе предност на својот тим, кога шутираше силно и прецизно по земја во долниот лев голмански агол, за отварање на резултатот за 1:0. Во продолжение од мечот имавме можности да го зголемиме резултатот, Николов се најде во прилика, одбрани голманот, како и Алији, но резултатот остана непроменет. Во последните десет минути од првиот дел следи подобра игра на противникот, од прекин имаа сериозен удар, но одбрани нашиот голман, Андреј Данстак. Уште една прилика имаше ЛГ Битола, но повторно на место е Данстак. Откако направивме три корни беше досуден пенал за противникот, кој успеаа да го реализираат и да израмнат на 1:1. Имавме можност по првиот дел да бидеме во предност, но немавме среќа кога Дарко Сековски ја погоди пречката. На полувреме ниту една од екипите немаше предност (1:1).

a a2

Во вториот дел дојде до израз квалитетот на вардарци, кои како и на дуелот против Неготино, така и на овој меч, победата ја обезбедија во второто полувреме. Тргнавме офанзивно, а Михаил Николов со удар ја закачи стативата од голот на ЛГ Битола. Врати и противникот со удар, но одбрани повторно Данстак. Алтин Алији покажува дека се работи за умешен голгетер, кој знае да постигнува и голови со глава. Со негови два погодоци со глава после нафрлени топка, Вардар успеа да стигне до предност од 3:1. При првиот гол беше нафрлена топка од корнер, додека на вториот погодок му асистираше Коловски и во двата обиди, алтин Алији погоди со глава за зголемување на резултатот. Претходно имаше ситуација за Марко Николовски, кој ја погоди пречката. Падна темпото на игра кај противникот, кој немаше веќе сили да се надигрува со нашиот тим. Упте еден гол во нивната мрежа, откако направија три корни. Погоди Марко Николовски, за конечен резултат од 4:1.

a5

Големото финале на програмата е во текот на утрешниот ден, својот старт ќе го има од 10:30 часот.