Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Продолжуваат победите на контролните натпревари за генер. “2003“ , викендов убедливо совладана екипата на Форца
Продолжуваат победите на контролните натпревари за генер. “2003“ , викендов убедливо совладана екипата на Форца

Продолжуваат победите на контролните натпревари за генер. “2003“ , викендов убедливо совладана екипата на Форца

Вардаровата генерација родени “2003“ година продолжуваат со одигрување на контролни натпревари пред стартот на пролетниот дел од сезоната во регионалната скопска лига. Изминатиов викенд на теренот на академијата, избраниците на Томче Трајановски спарингуваа со екипата на Форца. Овој дуел убедливо го добивме со резултат 8:1.

Уште по првото полувреме имавме водство, кога на одмор заминавме со резултат 4:0. Во вториот дел уште четири голови во мрежата на Форца, а почесен гол успеа да постигне и противникот, за конечни 8:1. По два гола на овој натпревар постигнаа Антонио Мирков и Влатко Стојановски, додека по еден беа дело на Александро Прелоговски, Лео Андрески, Лука Стојковски и Дамјан Андреев.

Оваа генерација главниот дел од подготовките ги помина во Охрид, каде одигра и неколку пријателски натпревари. Изминатиов период ги добивме мечевите против Национал од Софија и Победа од Прилеп. Веќе претстојниов викенд ќе се одигра и првото пролетно коло во домашната регионална лига. Избраниците на Трајановски се есенски шампиони со максимален број на освоени боодови и учесници во полуфиналето на купот.