Момците на Раул Гонзалес со победа ја затворија групната фаза и на тој начин го потврдија првото место во најсилната група Б. РК Вардар беше подобар од Кристијанштад, совладувајќи го со резултат 32-30 (17-13). Вардар обезбеди директен пласман во четвртфиналето, каде за противник ќе го има победникот од мечот Флензбург-Мешков Брест. На голот блесна Штербик кој имаше неверојатни 22 одбрани. Ова се разбира неможеше да остане незабележано од ЕХФ ТВ, тој е избран за најдобар голман во ова последно 14.коло.
Изборот за идеалната седморка во ова последно коло може да го погледнете на следново- ВИДЕО.