Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Стоимов, Љушев и Анчевски донесоа пресврт и прва победа за генер. “2004“ на ФК Вардар, на турнирот во Бугарија
Стоимов, Љушев и Анчевски донесоа пресврт и прва победа за генер. “2004“ на ФК Вардар, на турнирот во Бугарија

Стоимов, Љушев и Анчевски донесоа пресврт и прва победа за генер. “2004“ на ФК Вардар, на турнирот во Бугарија

Вардаровата генерација родени “2004“ година имаа успешен старт на турнирот “Пирин Куп“ кој се игра во градот Сандански ( Бугарија). Избраниците на Игор Кралевски беа подобри од екипата на Престис Монтана, совладувајќи ја со реултат 3:1

Тренерот Кралевски стартуваше со следниот состав: Ангелов, Анчевски, Стоимов, Серафимов, Хајдари, Каровски, Попов, Перковски, Курти.

28058955_1587698811299627_3146845533836118646_n

Се играа две полувремиња од по 40 минути, а по првото полувреме резултатот беше оној почетниот 0:0. После десет минути игра, односно во 50 минута противникот успева да го отвори резултатот и да поведе со 0:1. По оваа негатива, тренерот на Вардар, Кралевски направи некои рокади на теренот, односно Анчевски, Стоимов и Љушев, кои во првиот дел беа задолжени за дефанзива, по негативата добија офанзивни задачи и баш тие промени го донесоа резултатскиот пресврт. Токму играчот на овој меч, Димитар Стоимов само пет минути подоцна го израмнува резултатот на 1:1. Гледавме многу подобра игра на Вардар, кои на овој турнир се ослабени за неколку играчи, кои се со репрезентацијата до 14 години, која игра контролни натпревари со Турција. Сепак Вардар покажа карактер и во наредните минути целосно го сврте резултатот во своја корист. Прво водство на црвено-црните донесе Никола Анчевски, кој во 60 минута носи предност од 2:1, за десет минути подоцна конечните 3:1 да ги постави Давид Љушев. 

Во петок на програмата се два натпревари. Во рамките на второто коло играме против Витиша Софија, за во последното трето коло силите да ги одмериме со Пирин 2001 Благоевград.