Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар гостува во Битола, Хераклеа нов предизвик
Куглање: Вардар гостува во Битола, Хераклеа нов предизвик

Куглање: Вардар гостува во Битола, Хераклеа нов предизвик

Викендов се игра последниот натпревар од вториот круг во Македонската кугларска лига, на програмата е 10.коло. Во истото кугларскиот клуб Вардар гостува во Битола. Наш домаќин ќе биде екипата на КК Хераклеа која игра во кугланата при спортската сала “Младост“ во Битола.

Дуелот се игра задутре, сабота, 17.фебруари и истиот е закажан со почеток во 11-00 часот. Вардар доколку триумфира на овој дуел, а се очекува победа на шампионот Макпетрол над КК ГТЦ Мусандра ќе се одлепиме на два бода на втората позиција пред третииот круг. Во првиот дуел оваа сезона во Скопје ние како домаќини со овој ривал победивме со високи 7-1, (18:6, 3324:3107).