Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победнички старт на турнирот “Пирин Куп“, за вардаровите генер. “2003“ и “2005“
Победнички старт на турнирот “Пирин Куп“, за вардаровите генер. “2003“ и “2005“

Победнички старт на турнирот “Пирин Куп“, за вардаровите генер. “2003“ и “2005“

Победнички старт на турнирот “Пирин Куп“ имаа генерациите на ФК Вардар родени “2003“ и “2005“ година. Тие утрово ги совладаа своите противници и ги освоија првите бодови на турнирот.

Генерацијата родени “2005“ година предводена од Ане Андовски успеаа во првото коло да ја совладаат екипата на Черноморец со резултат од 2:0. Во оваа генерација едно полувреме е во времетраење од по 30 минути, додека се игра 10+1 на теренот. По првиот дел имавме водство од 1:0 со голот на Никола Величковски, додека во второто полувреме уште еден гол во мрежата на противникот, дело на Матеј Гаштаров и тоа со удар од белата точка.

28052458_989887057825744_1063396553_n

Стартери на овој прв меч за Вардар беа: Апостоловски, Таневски, Фидановски, Николовски, Ристовски, Спасиќ, Гаштаров, Здравковски, Величковски, Јовановски, Лефковски. Шанса добиваа и другите играчи во текот на натпреварот.

Турнирот со победа го отворија и генерацијата “2003“ на Горан Петрески, кои беа подобри од екипата на Панасераикос. И тука славевме со идентичен резултат како и нашите помлади надежи (2:0). Играчите на одлука беа Антонио Мирков кој го отвори резултатот за 1:0 во 35 минута со прекрасен гол од слободен удар, што беше и резултат актуелен на полувреме, додека во второто полувреме и тоа во 55 минута во листата на стрелци се запиша и Александро Прелоговски кој зголеми на 2:0 од изградена акција. Овој резултат на крајот се покажа и како конечен. Мора да се напомене дека Вардар беше многу подоминантен на овој дуел, на кој покрај головите имаше и уште други четири добри шанси за зголемување на резултатот, по две во првиот и вториот дел од мечот, на кој се играше по 35 минути. Противникот еднаш посериозно се закани, но нашиот голман, Лука Стојковски успешно одбрани.

Тренерот Петрески стартуваше со следниве 11-сетмина: Стојковски, Трпезановски, Јовановски, Сељанац, Ѓорѓоски, Стојановски, Хасани, Давидовски, Андрески, Мирков, Прелоговски.

Шанса за настап во второто полувреме добија и останатите играчи од клупата. Во текот на денешниот ден оваа генерација на Вардар ќе одигра уште еден натпревар, а противник е екипата на ЦСКА Софија.