Левиот бек на ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ и понатаму високо котира на листата на најдобри стрелци. Таа се наоѓа во ТОП-5 листата, односно на четвртото место на листата на најефикасни играчи во најголемото ракометно натпреварување. Пенезиќ има 59 постигнати голови, што ја прави четврти најдобар стрелец во ЛШ. Првото место и понататаму не го дава ракометарката на Турингер, Ивета Лузумова која има 80 постигнати голови, додека второто место е за Кристина Неагу од ЦСМ Букурешт со 64 погодоци. На третото место е Вероника Кристиансен од Митјиланд со вкупно 61 постигнат гол, додека ТОП-5 листата ја затвара, ракометарката на Никобинг, Јохана Вестберг со 57 голови.
Пенезиќ дури на пет од вкупно девет одиграни натпревари, беше најдобар стрелец на Вардар. Со оглед дека Турингер нема шанси за пласман во елиминациската рунда, Лузумова сигурно дека нема да може да биде најдобар стрелец до крајот на сезоната, а прашање е дали и Митјиланд и Никобинг ќе стигнат до осумте најдобри, иако реално е една од двете екипи да се најат во оваа елиминациска рунда, но прашање е дали ќе можат да стигнат до Ф4 во Будимпешта. Големи се шансите Пенезиќ и Неагу и оваа сезона да се борат за “приматот“, најдобар стрелец во ЛШ.