Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Александар Стојменов: Наградата ми дава поттик да работам уште понапорно кај моите тренери, Дарко Јанев во РК Илинден и Зоран Петковски во пионерската селекција на Вардар
Александар Стојменов: Наградата ми дава поттик да работам уште понапорно кај моите тренери, Дарко Јанев во РК Илинден и Зоран Петковски во пионерската селекција на Вардар

Александар Стојменов: Наградата ми дава поттик да работам уште понапорно кај моите тренери, Дарко Јанев во РК Илинден и Зоран Петковски во пионерската селекција на Вардар

На средината на месец јануари, започна четвртото издание на младинскиот ракометен турнир “Вардар, еден живот, една љубов“, кој се играше во различни возрасни геенрации, како во машкиот, така и во женскиот дел. Ги дознавме победниците во сите категории, како и конечниот пласман на екипите. Воедно по одигрување на завршните натпревари избираше најдобриот тим на турнирот. Токму Александар Стојменов е дел од овој избор и тоа во генерацијата родени 2004/05 година, вво која членот на РК Илинден доби признание за најдобар пикер на турнирот. Стојменов е дел и од новата генерација на РК Вардар, пионерите кои се предводени од тренерот Зоран Петковски. Воедно неговиот постар брат е дел исто така од Вардар, каде настапува за вториот тим на клубот.

-Овој спорт го избрав по стапките на мојот постар брат Филип Стојменов кој игра во вториот тим на Вардар – Вардар Јуниор. Исто така се одлучив за овој спорт бидејќи има многу борбеност и надмудрување. Започнав на 8 години во РК Металург каде што имам освоено многу награди,таму тренирав 5 години и сега сум член на РК Илинден Вардар и на пионерската селекција на РК Вардар.

vardarfans-stojmenov

РК Илинден го освои третото место на турнирот во организација на Вардар. Избраниците на Јаневи во полуфиналето беа поразени од екипата на Карпош од Куманово, додека во малото финале ја совладаа екипата на ГРК Гостивар и на тој начин се закитија со бронзениот медал.

-Овој турнир беше многу квалитетен каде што изобилуваше со многу квалитетни натпревари.Јас сум задоволен од начинот на кој што изигравме , но секогаш треба да се трудиме да биде подобро. Бевме фаворити но ни недостасуваше спортска среќа.РК Карпош од Куманово е екипа која изобилува со добри квалитетни играчи сметам дека и тие се фаворити за освојување на Јуниор лигата . На натпреварот против екипата на РК Карпош кој помина во прекрасна спортска атмосфера каде дојде до израз квалитетот на двете екипи. На крај попушти концентрацијата на мојот тим, каде направивме неколку грешки каде што нашиот противник ги искористи и не победи.

Стојменов се најде во идеалната седморка на турнирот, откако беше прогласен за најдобар пикер.

83-660x330

-На турнирот видов квалитетни пикери и не очекував дека јас ќе ја добијам таа награда. Кога го изговорија моето име чуството беше прекрасно. Тоа ми дава поттик да работам уште понапорно кај моите тренери Дарко Јанев во РК Илинден и Зоран Петковски во пионерската селекција.

Стојменов ја игра својата прва сезона во “Јуниор“ лигата, големиот проект на РК Вардар. Неговата екипа, Илинден го брани трофејот освоен од минатата сезона, во генерацијата родени 2004/05 година.

-Ова преставува прекрасен проект каде што се дава многу можности и натпревари за нас младите играчи да дојдеме до израз. Ова е мојата прва сезона во Јуниор лигата и многу ми помага да напредувам и да се запознавам со многу мои соиграчи од други ракометни школи. Екипата на РК Илинден е една од најквалитетните екипи и очекувам да ја одбраниме титулата во нашата генерација.

Звонко Ивановски