Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2004“ замина за Бургас, каде од утре ќе учествува на турнирот “Колониа куп“
ФК Вардар генер. “2004“ замина за Бургас, каде од утре ќе учествува на турнирот “Колониа куп“

ФК Вардар генер. “2004“ замина за Бургас, каде од утре ќе учествува на турнирот “Колониа куп“

Вардаровата генерацијата родени “2004“ година во периодот од 3-6 ти април ќе учествува на силен меѓународен турнир “Колониа Куп“ кој ќе се одигра во градот Бургас ( Бугарија). На истиот ќе настапат и екипи од Србија, Украина, Романија, Турција и Бугарија. Имиња како Вардар, Партизан, Црвена Ѕвезда, Черноморец Одеса и други ќе бидат дел од овој меѓународен турнир.

Тренерот Игор Кралевски се реши за турнирот со себе да ги понесе сите играчи кои се дел од оваа генерација. Тоа се следниве: Горазд Гигов и Наум Ангелов (голмани), Давор Серафимов, Никола Анчевски, Игор Јаневски, Максим Милошевски, Никола Павлески, Горазд Попов, Сандро Каровски, Димитар Стоимов, Георг Стојановски, Бесар Гуџуфи, Артим Курти, Теодор Перковски, Стефан Стојановски, Ѓорѓи Дошев, Лука Ивановски, Левент Ибраим, Исмет Хајдари.

Својот прв натпревар на турнирот ќе го одиграме во текот на утрешниот ден, а противник ќе ни биде тимот на Нафтохемик од Бургас.