Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кил е последна пречка за Вардар кон патот за Келн, познати се сите четвртфинални двојки во ЛШ
Кил е последна пречка за Вардар кон патот за Келн, познати се сите четвртфинални двојки во ЛШ

Кил е последна пречка за Вардар кон патот за Келн, познати се сите четвртфинални двојки во ЛШ

Екипата на Кил ќе биде противник на Вардар во четврфиналето од Лигата на Шампионите и последната пречка кон патот за Келн, каде најдобрите четири екипи ќе се борат за Европската титула.

Бундеслигашот успеа да ја задржи предноста од седум голови која ја стекна на првиот натпревар одигран пред својата публика. Пик Сегед победи на реваншот со еден гол разлика, недоволно да се помине во следната елиминациска рунда. Големи изненадувања се случија во осминафиналето, во кое елиминирани се екипите на Веспрем и Барселона, кои важеа за големи претеденти за пласман на завршниот турнир. Тие на реваншот пред својата публика не успеаа да ги анулираат седумте голови негатива против Скјерн, односно трите голови предност на Монпелје од првиот меч, па мораше превреме да ги завршат настапите во најголемото ракометно натпреварување.

Киелце очекувано немаше проблеми на реваншот во Манхајм да ги задржи оние 24 голови позитива стекнати на првиот дуел во Полска, но не само што ги бранеше, туку успеа и по втор пат да го надигра тимот на Рајн-Некар. Нант и Брест Мешков одиграа со нерешен резултат (28:28), кој беше доволен за екипата во која настапува Кирил Лазаров да се пласира во четврфиналето, со оглед дека работата си ја завршија на првиот натпревар одигран во Белорусија, каде славеа со резултат 24:32. Претходно својот пласман во четврфиналето го потврди и екипата на Фленсбург, која победи на двата дуели со екипата на Кристијанштад. Сите овие екипи им се приклучија на Вардар и ПСЖ, кои обезбедија директен пласман во четврфиналето, откако завршија како првопласирани во своите групи.

Веќе се познати се и четвртфиналните двојки во Лигата на Шампионите:

Кил – Вардар

Киелце – ПСЖ

Фленсбург – Монпелје

Нант – Скјерн