Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Двете екипи на ФК Вардар генер. “2006“ се пласираа во следната елиминациска фаза од детската лига
Двете екипи на ФК Вардар генер. “2006“ се пласираа во следната елиминациска фаза од детската лига

Двете екипи на ФК Вардар генер. “2006“ се пласираа во следната елиминациска фаза од детската лига

Вардаровата генерација родени 2006 година ја поминаа денешната елиминациска фаза од детската лига. Вардар (1) го победи тимот на Ринија, додека Вардар (2) без напор поминува во следната елиминациска фаза, со оглед дека денешниот противник тимот на Работнички не се појави на овој дуел.

2

Очекувано Вардар (1) ја оправда фаворитската улога и славеше во дуелот со екипата на Ринија, со конечен резултат од 7:0. Уште на стартот од натпреварот успеавме да го отвориме резултатот, кога Коловски продре од левата страна, ја нафрли топката која стигна до Марко Николовски, кој од неколку метри ја заби под пречката, за водство од 1:0. Прв удар и за Ринија, но одбрани нашиот голман Андреј Данстак. Разликата во квалитет беше очигледна на теренот, само прашање беше со колкава разлика ќе го добиеме овој натпревар. Следуваше иста акција, како при првиот погодок, Коловски зема топка од левата страна, се ослободи од еден противнички играч, нафрли до Михаил Николов кој шутна, но во последен момент од гол линијата исфрла еден од противничките играчи. Имаше уште еден обид, екипата на Ринија, ништо безопасно кон нашиот гол, а кај црвено-црните се обиде Олег Трифуновски, но одбрани голманот.

3 4

Откако Ринија направи три корни беше досуден пенал. Сигурен реализатор на истиот беше Кристијан Галевски, за предност од 2:0. Ринија имаше можност да го намали резултатот кога при еден контра-напад, се најдоа во ситуација на два пати да упатат удар, но тука беше Данстак, кој успешно одбрани во двете прилики. Следуваа и два удари за Вардар и тоа за Михаил Николов, кој шутира во првиот обид покрај гол, а во вториот голнанот му ја одбрани топката. До крајот на првиот дел постигнавме уште еден гол во противничката мрежа, дело на Алтин Алији, откако топка му нафрли Галевски, Алији со фудбалско чуство ја постави ногата и ја смести топката во мрежата, за зголемување на 3:0.

1

Во листата на стрелци во вториот дел, се запиша и денес доста активниот Стефан Коловски, кој се сам направи од левата страна и погоди за 4:0. Иста слика на теренот и во вториот дел, избраниците на Јанев беа во целосна офанзива кон голот на Ринија, а таквата игра секако ни носеше шанси и голови. На нов гол не се чекаше многу време, кога повторно во листата на стрелци се запиша Алтин Алији, овој пат топка му додаде Николовски, а Алији шутираше од пеналтикот прецизно, за водство од 5:0. Шанси имавме преку Трифуновски и Николов, но без реализација. Исто така и Алији имаше добра прилика, но резултатот остана оној истиот. Сепак хет-трик за Алтин Алији, кој погоди за 6:0, по асистенција на Николовски, а по една минута нов гол, за конечни 7:0, дело на Марко Николовски.

Во наредниве денови треба и двете екипи на оваа генерација да одиграат по уште еден натпревар, доколку ги добиеме ќе се пласираме на завршниот турнир.