Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Елиминирана најмладата генер. “2010“ на ФК Вардар во детската лига, загуби денес и Вардар (2)
Елиминирана најмладата генер. “2010“ на ФК Вардар во детската лига, загуби денес и Вардар (2)

Елиминирана најмладата генер. “2010“ на ФК Вардар во детската лига, загуби денес и Вардар (2)

Најмладата генерација на ФК Вардар, момчиња родени “2010“ година го завршија настапот во дебитанската сезона на детската лига. Денес екипата на Вардар (2) не успеа да ја помине и следната елиминациска фаза и беше поразен од тимот на Биџо од Куманово, со конечен резултат од 4:1.

И по првото полувреме противникот имаше предност од 3:1, а овој дел од мечот се покажа како пресуден за конечниот победник. Во вториот дел, кумановчани постигнаа уште еден гол и го запечатија триумфот на овој дуел. Единствениот гол за Вардар, беше дело на Благојче Седлоски. Ждрепката сакаше во првата елиминациска рунда да се сретнат двете екипи на Вардар, по која веќе една беше елиминирана на стартот.

Тоа значи дека двете генерации на Вардар, родени “2009“ и “2010“ година нема да ги гледаме на завршните турнири в детската лига.