Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар е поразен од ПСЖ во малото финале на Ф4 турнирот во Келн
Вардар е поразен од ПСЖ во малото финале на Ф4 турнирот во Келн

Вардар е поразен од ПСЖ во малото финале на Ф4 турнирот во Келн

Екипата на ПСЖ го освои бронзениот медал, откако во малото финале го совлада Вардар. Мечот беше решен во последните три минути кога падна концетрацијата на вардарци, кои му дозволија на ПСЖ да направи серија и да го реши мечот во своја корист

Натпреварот со гол го отвори Сагосен, а вардарци вратија со два последователни голови, по еден на Борозан и Циндриќ, за прва предност од 1:2. Во првите шест минути од мечот по две одбрани имаа двата голмани, Милиќ и Коралес кои одлично го стартуваа дуелот. Вардар во најголем дел од првото полувреме беше во предност, а откако противникот го израмни резултатот следеше серија за ибраниците на Гонзалез од 0:3, за во 11 минута да имаме водство од 2:5, од кои два гола беа дело на Македа и еден на Циндриќ. Милиќ добро го замени денес Штербик и веќе зад неговото име имаше 4 одбрани. Се играше брзо на двете страни, силно темпо наметнаа двете екипи, кои беа желни за победа во ова мало финале. Игравме добро во одбраната, каде му дозволивме на ПСЖ за цели 15 минути да постигне само три голови, напротив седум на Вардар (3:7), што беше и најголема позитива на Вардар во овој дел од мечот. Сепак за само две минути, избраниците на Сердарушиќ постигнуваат три последователни голови и намалуваат на само еден гол (6:7).  Третото израмнување на дуелот се случи во 22 минута кога погоди Карачиќ за 10:10, а Иван Чупиќ во следниот напад ја врати предноста на Вардар. Гледавме полувреме со многу голови, а екипата на ПСЖ за втор пат на мечот имаше предност од 12:11, но набрзина вративме со мини серија и го вративме водството, кога погоди Фереира за 12:13. До крајот на првиот дел се играше гол за гол и на одмор, нашиот шампион имаше минимална позитива од 14:15.

Одлично го стартувавме вториот дел кога со серија од 2:0 стигнавме до предност од 14:17. Истава позитива ја имавме и кога погоди Циндриќ за 16:19, но противникот во следните пет минути направи серија од 4:1 и со голот на Ревили го израмни резултатот на 20:20. Поради три исклучувања, црвен картон доби Македа, но тоа не го спречи Дибиров во контра-напад да го врати водството на својот тим (21:22) во 44 минута од овој интересен дуел за бронзениот медал. Период кога двете екипи не можеа да постигнат гол, ПСЖ пропушти три напади да дојде до водство, а затоа казнува во контра Чупиќ за нова предност, додека Милиќ стигна до својата десетта одбрана. Проблем ни прави и Коралес на спротивната страна кој стигна до својата 14 одбрана и 3 одбранет седмерец, откако не успеа да погоди Чупиќ. На пет минути пред крајот резултатот беше израмнет (25:25), па се уште не се знаеше победникот на овој дуел. Два гола во серија за ПСЖ, со кои има предност од 26:28 на две минути пред крајот. Побара тајм-аут тренерот Гонзалез, но немаше многу време за пресврт, на крајот конечениот резултат гласеше 28:29.

Циндриќ беше најефикасен со 7 голови, Македа додаде 6 и Чупиќ 5 голови. На овој дуел игравме без Штербик и Абутовиќ.