Saturday ,04 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генер. “2008“ освои 4 место на силниот меѓународен турнир во Загреб, во конкуренција на 32 екипи
Вардаровата генер. “2008“ освои 4 место на силниот меѓународен турнир во Загреб, во конкуренција на 32 екипи

Вардаровата генер. “2008“ освои 4 место на силниот меѓународен турнир во Загреб, во конкуренција на 32 екипи

Генерацијата на ФК Вардар родени “2008“ година го освоија четвртото место на силниот меѓународен турнир во Загреб.

Најпрво во осминафиналето утрово ја совладавме екипата на Кустошија, минимално со резултат 1:0, со погодокот на Ненад Дамјаноски од пенал. Потоа во четврфиналето  избраниците на Павел Неделковски беа подобри од екипата на Истра со резултат 3:0. Головите на овој натпревар беа дело на Матеј Киш, Ненад Дамјаноски и Стефан Бранковски. Во полуфиналето немавме среќа кога на пенали загубивме од екипата на Поникве од Загреб. Откако во регуларниот дел мечот заврши без голови 0:0, се пристапи кон изведување на удари од белата точка. Тука немавме среќа и загубивме на пенали (3:1). Во борба за третото место за противник ја имавме екипата на Дубрава и тука загубивме на пенали со резултат 2:1.

На крајот оваа генерација на Вардар го освои четвртото место. Остваривме пет победи и два порази кои беа после изведување на пенали, а на целокупниот турнир примивме само еден гол, но немавме среќа во пенал серијата. Сепак ова е голем успех за младите избраници на Павел Неделковски, кои освоија четвртото место во конкуренција на 32 екипи.