Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи на ФК Вардар убедливи на гостувањето против екипата на Милано
Пионерските екипи на ФК Вардар убедливи на гостувањето против екипата на Милано

Пионерските екипи на ФК Вардар убедливи на гостувањето против екипата на Милано

Пионерските екипи на ФК Вардар славеа на гостувањето во Куманово, во рамките на претпоследното првенствено коло. Тие попладнево ја совладаа екипата на Милано.

Помладите пионери славеа нов триумф, овој пат со резултат од 0:4. Тренерот Тодоровски на овој дуел настапи со комбиниран состав, од ииграчи кои се родени “2002“ и “2003“ година.

Вардар: Величковски, Демири, Крстевски, Костовски, Радуловиќ-Величковиќ. Фазлиу, Алими, Стојановски, Петејчук, Мирков, Гугуљанов. 

До крајот шанса за настап добија сите играчи, кои беа на клупата за резерви.

Уште во првата минута од овој дуел го отворивме резултатот, кога погоди Атом Фазлиу за предност од 0:1. Вториот гол на овој дуел се случи во 38 минута кога погоди Анатолиј Петејчук за предност од 0:2. Со овој резултат се замина на полувреме. Во 72 минута од натпреварот го зголемивме водството на 0:3 со првиот гол денес на Радуловиќ-Величковиќ. Конечниот резултат од 0:4, со својот втор гол денес ги постави Анатолиј Петејчук.

Многу поубедливи беа пионерите кои славеа со резултат од 1:7. Откако противникот успеа да поведе со 1:0, до крајот на мечот нашите надежи постигнаа дури седум голови. И на полувреме имавме високо водство од 1:5. Стрелци на головите за Вардар на овој дуел беа: Игнатов, Андоновски, Спировски, Туша, Бојковски, повторно Туша и Димоски. Сите играчи добија шанса и на овој дуел од страна на тренерот Петар Георгиески.

Вардар: Андов, Мирчевски, Рушити, Цури, Манасиевски, Бојковски, Спировски, Речица, Андоновски, Туша, Игнатов.