Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Циндриќ: Ова е сепак голем успех за Вардар и за Македонија!
Циндриќ: Ова е сепак голем успех за Вардар и за Македонија!

Циндриќ: Ова е сепак голем успех за Вардар и за Македонија!

Хрватскиот репрезентативец Лука Циндриќ заедно со Штербик, Гонзалез, Македа и останатите со пораз се простија од вардаровиот дрес. По натпреварот, Лука им се заблагодари на сите оние кои дошле во Келн да навиваат за нив и потенцираше дека ова сепак е голем успех за тимот на Вардар.

„Одигравме навистина тежок натпревар. Така беше од првата до последната минута. Им честитам на сите момци за борбеноста која што ја покажаа за време на натпреварите. Морам да им се заблагодарам и на навивачите кои ни дадоа огромна поддршка. Oва е сепак голем успех за Вардар и за Македонија. Навистина не е лесно да се игра на ваков викенд со толку силен интензитет” , рече Циндриќ.