Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Три Вардарови генерации ги дознаа противниците за полуфиналето во националниот куп
Три Вардарови генерации ги дознаа противниците за полуфиналето во националниот куп

Три Вардарови генерации ги дознаа противниците за полуфиналето во националниот куп

Денес во седиштето на фудбалската федерација на Македонија беа извлечени паровите за полуфиналните натпревари во националниот куп на младинските категории. Своите противници ги добија нашите пионери, кадети и младинци.

Пионерите за противник ја добија екипата на Металург. Првиот натпревар црвено-црните ќе го одиграат на домашен терен. Во есенскиот дел од сезоната, избраниците на Сашо Тодоровски во рамките на 9 коло беа подобри од овој противник. Тогаш мечот одигран на локомотива заврши со резултат 3:1.

Кадетите можеби имаа најповолна ждрепка. Последна пречка за Вардарци за пласманот во големото финале ќе ни биде екипата на Милано. Во последното есенско коло на натпреварот одигран во Куманово, овие две екипи одиграа без погодок 0:0.

Најинтересен ќе биде полуфиналниот дуел во конкуренција на младинци. Силите ќе ги одмерат екипите на Вардар и Работнички. Работнички е наш противник и во првото пролетно коло, откако во есенскиот дел одигравме без победник.

Сите наши генерации првите мечеви ќе ги одиграат на домашен терен на 22-23.03.2016 на домашен терен. Трофејот од националниот куп го бранат кадетите, додека помладите пионери ги завршија настапите во 1/4.