Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КОШАРКА! Академија ФМП следен противник за Вардар
КОШАРКА! Академија ФМП следен противник за Вардар

КОШАРКА! Академија ФМП следен противник за Вардар

По еднонеделна  пауза со натпревари поради завршницата од купот на Македонија ,овој викенд повторно на програмата се возбудувањата во втората по квалитет кошаркарска конкуренција во земјава. Следен дуел на црвено-црните е тој со тимот  на КК Академија ФМП во салата при средното фискултурно училиште во Скопје.

Мечот е закажан за на 27 февруари,  во сабота, ова е дуел од 12.коло во втората кошаркарска лига.  Оваа сезона ова е вторпат да се сретнеме со екипата на КК Академија ФМП и во првиот дуел дома  одневме победа со резулат 76-37  за нас. Оваа пролетна полусезона ова е трет дуел за Вардар, во првите два однесовме победа со Тетекс од 97-68, а во вториот  дуел победивме со 71-60 во мечот со Кк Ангели. Црвено-црните се на делбата на втората позиција со 19 бода, колку што имаат и екипите на Гостивар 2015 и  Водњански Лисици.